Со 20 производи структурата не е важна. Со 200 — таа е разликата меѓу продавница во која се наоѓа сè и продавница од која се бега. Еве го редот.
Трите поими (најголемата забуна)
- Категорија = ШТО е производот. Мебел → Столици. Хиерархиски, како папки. Ова е скелетот на продавницата и на менито.
- Атрибут = КАКОВ е. Боја: црна · Големина: XL · Материјал: кожа. Ова се податоци што се повторуваат и по кои се филтрира.
- Ознака (таг) = слободен збор за поврзување („летна колекција“). Не претерувајте — 5 ознаки по производ не помагаат никому.
Правилата за категории
- Секој производ во ЕДНА главна категорија (плус подкатегорија ако треба)
- Најмногу 2 нивоа — трето ниво го губи и купувачот и Google
- Имиња како што луѓето бараат: „Патики“, не „Обувки за спортски активности“
- Секоја категорија заслужува 2-3 реченици опис — тоа е страница што може да ранкира
Атрибути што работат
Производи → Атрибути: создајте ги еднаш (Боја, Големина), штиклирајте Enable archives ако сакате страници по вредност. Потоа на производот ги додавате вредностите. Правило: ако купувачот би сакал да филтрира по нешто — тоа е атрибут, не таг.
Филтрите
Со атрибути поставени, филтрите работат сами (виџети или плагин). Кај продавница со 200+ производи, филтерот по цена и по големина е точката каде посетителот станува купувач. Без филтри, тој листа 10 страници и заминува.
Ситницата што ја носи разликата
Не менувајте имиња на категории по индексирање без 301 редирект — старата адреса ќе враќа 404, а таа веќе можеби има посети од Google. Ако мора — јавете се, редиректот е една линија.