Две страници што сите ги оставаат „за подоцна“ — а без нив банката нема да ви одобри картично плаќање, и дел од купувачите нема да завршат нарачка. Еве што треба да содржат.
Зошто ви требаат (три причини)
- Банката ги бара — при аплицирање за картично плаќање, банката го проверува сајтот: услови, политика на приватност, податоци за фирмата, начин на достава и враќање. Без нив нема договор.
- Законски — трговците на далечина имаат обврски кон потрошувачите; условите се местото каде тие се објавуваат
- Продаваат — јасната политика на враќање ја намалува стравот: „ако не ми одговара, што правам?“ е последното прашање пред плаќање
Услови за користење — што влегува
- Кој сте: полн назив на фирмата, адреса, ЕДБ, контакт (мора да е видливо!)
- Што продавате и како се склучува нарачка
- Цени: со или без ДДВ, валута, кога важат
- Начини на плаќање и кога се наплаќа
- Достава: подрачја, рокови, трошок, кој ја носи
- Одговорност и решавање спорови
Политика на враќање — што влегува
- Рок за враќање и од кога тече (од прием на пратката)
- Состојба на производот: неупотребен, со оригинално пакување, со фискална сметка
- Кој ја плаќа повратната достава — кажете го јасно, ова е најчестата расправија
- Рок за враќање на парите и на кој начин (на сметка, на картичка)
- Исклучоци — производи по нарачка, хигиенски производи, дигитални производи
- Постапка: како да пријават (форма, мејл, телефон)
Каде да стојат
Линкови во подножјето на секоја страница (стандардно место каде секој ги бара), плус линк во checkout до чекбоксот за согласност. Ако купувачот мора да ги побара — веќе е доцна.
Искрено за копирањето
Многумина ги копираат од друга продавница. Ризикот: копирате обврски што не ви одговараат (рокови што не можете да ги испочитувате), туѓо име останува во текстот (се случува почесто отколку што мислите), и не покриваат нешто специфично за вас. Земете ги како скелет, но прилагодете ги на вашата реалност — и ако прометот е сериозен, чинат еден разговор со правник.
Совет
Пишувајте човечки. „Ако не ви одговара, вратете го во рок од 14 дена — ќе ви ги вратиме парите за 5 работни дена“ вреди повеќе од две страници правен јазик што никој не го чита.
Кај наши клиенти: при поставување на продавница ви кажуваме точно што треба да содржат за банката да одобри.