SEO е долгорочно; рекламите се брзи. Ако ви требаат клиенти сега, Ads работи — но само ако се поставени со мера. Еве го најкраткиот безбеден пат.
Пред да пуштите — три услова
- Страница што конвертира — рекламата носи луѓе на страница; ако таа не продава, плаќате за посети без резултат
- Мерење — conversion tracking поставено и тестирано (види ја статијата за пиксел и конверзии). Без тоа, не знаете што работи.
- Јасна цел — повик? форма? нарачка? Одлучете една.
Поставување (најбезбедната верзија)
- Тип: Search — не Display, не Performance Max за прв пат. Search значи: се појавувате кога некој БАРА нешто. Тоа е намера, не прекин.
- Локација: точно вашето подрачје. Не цела земја ако работите во Штип и околина.
- Јазик: македонски (и албански ако е релевантно)
- Буџет: почнете мало, 300-500 денари дневно. Ќе учите со најмал трошок.
- Клучни зборови: 5-15 конкретни, не 200. Со намера за купување: „поправка на бојлер Штип“, не „бојлер“.
- Match type: phrase match за почеток; broad троши буџет на сè и сешто
Работата што штеди половина буџет
Negative keywords. Додајте: бесплатно, вработување, работа, DIY, како сам, форум, википедија. Без нив, плаќате за кликови од луѓе што бараат бесплатни совети или работа кај вас. Ова е првото што го правиме и последното што го прави мнозинството.
Рекламата
- Насловот да го содржи она што го баравте (клучниот збор) — луѓето кликаат на поклопување
- Кажете предност и повик: „Излегуваме истиот ден · Гаранција 2 години“
- Испратете ги на точната страница, не на почетната. Бараат бојлер → страница за бојлери.
- Додајте екстензии: телефон, локација, линкови кон услуги
Првите две недели
Гледајте: Search terms извештај (по кои ВИСТИНСКИ фрази ве нашле — оттука доаѓаат новите negative keywords), цена по конверзија, и кои клучни зборови трошат без резултат — тие се паузираат.
Кога Ads НЕ вреди
- Продажба со мала маржа во конкурентна ниша (кликот чини повеќе од заработката)
- Немате кој да одговори на повиците што ќе дојдат
- Сајтот е бавен или не работи на мобилен — плаќате за луѓе што заминуваат