Најчестото разочарување: активирате купена тема, а сајтот изгледа како празна страница со мени. Тоа е нормално — на демото гледавте содржина, не тема. Еве како да ја добиете истата поставка.
Што е демо увоз
Пакет со примерни страници, слики, менија и поставки што ги пресликува демото. Го нудат речиси сите поголеми теми (Astra Starter Templates, Kadence Starter, OceanWP Demos, купени теми со One Click Demo Import).
Пред увоз — задолжително
- Направете го на ПРАЗЕН сајт ако е можно; увозот додава десетина страници и содржина што после мора да ја чистите
- Копија ако сајтот има содржина — увозот може да ги прегази менијата и виџетите
- Инсталирајте ги плагините што ги бара демото (обично ги предлага само)
Како се прави
- Изглед → Starter Templates (или Import Demo Data, зависно од темата)
- Изберете градител ако прашува: Gutenberg (полесен, побрз) или Elementor
- Изберете демо → Import → чекајте 1-3 минути (не затворајте!)
- Отворете го сајтот — сега личи на демото
Веднаш потоа: чистење
- Заменете ги демо текстовите — најсрамната грешка е сајт во живо со lorem ipsum и „Our Team: John Doe“
- Заменете ги сликите — демо сликите се лиценцирани за демо, не секогаш за вас; и туѓи луѓе на вашата „За нас“ страница се гледаат
- Избришете ги страниците што не ви требаат — типично увозот носи 15, а вам ви требаат 6
- Проверете мени и подножје — да нема линкови кон демо содржина
- Оптимизирајте слики — демо пакетите знаат да донесат десетици MB
Искрено
Демото е скеле, не готов сајт. Вистинската работа е вашата содржина: вистински текстови, вистински слики, вистински понуди. Сајтот што личи на демо со сменето лого — купувачот го препознава веднаш.
Сакате сајт што личи на ВАС, не на демо? →
Ако не сакаш сам да го одржуваш WordPress — ажурирања, копии и безбедност, ние го држиме.
Одржување на WordPress →